Викендот кој што е на само ден од нас, ќе помине во претежно суво време, без врнежи, најавува Метеопро.
Сабота наутро и претпладне ќе биде малку пооблачно во западните и северните делови од земјава, додека нешто поведро утро и претпладне се очекува во југоисточниот крај. Околу пладне очекуваме намалување на облачноста низ котлините, а над планинските места и понатаму ќе биде претежно облачно, пред се во западниот предел. Доцна попладне облачноста и над планините ќе се намалува.
Рано наутро во недела очекуваме формирање на тенок слој на ниска облачност / слаба магла, локално низ котлините. Преку ден облачноста генерално ќе се намалува, но повторно на планинските падини е можна појава на умерена облачност. Повисоките планински врвови ќе бидат над облаците, и ќе имаат посончево време.
И двата дена ќе дува сосема слаб југоисточен ветер.
Утрата ќе бидат свежи, со минимална температура која низ котлините ќе има вредност во дијапазонот од 9°С до 12°С.Нема да имаме поголеми промени ниту во максималите вредности на температура. Таа ќе има вредности од 21°С до 23°С во јужниот дел на повардарието, околу 20°С во северниот вардарски тек и котлините во источниот и југозападниот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.