| четврток, 6 декември 2018 |

Едукативна патека за деца во Маврово

DSC_081850-тина деца облечени како бубамари ја отворија едукативната патека за деца во Маврово и симболично најавија многу гости и посетители во овој прекрасен национален парк кој од ден на ден станува дестинација поблиска до дечињата.

DSC_0789Во националниот парк Маврово во познатиот локалитет Бунец  беше отворена едукативната патека за деца која е наменета за возраст од 6 до 12 години.
DSC_0856Со ова туристичкиот центар Маврово добива уште една нова интересна содржина за семејствата, патека со должина од 1 километар која ќе овозможи најмалите посетители да се запознаат со биодиверзитетот во тој регион под надзор на водичи специјално обучени за работа со деца.
DSC_0850Родителите од денеска можат да дојдат во овој прекрасен дел од Западна Македонија и заедно со своите деца да уживаат во сите убавини кои ги нуди Маврово, од спортување и рекреација, одмор, уживање и учење и запознавање на природата од мали нозе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top