Доволно беше Адам Левин да ја избричи главата и ете ја новата паника на интернетот!
Фронтменот на бендот Мароун 5 се појавил ќелав, во понеделникот, во американското шоу Војс. Меѓутоа, епизодата е снимана во два наврати, така што Адам во првиот дел од епизодата се уште имаше коса, а во другиот дел ги изненади и збуни и публиката и гледачите.
По кратко време, пејачот почнал да добива прекар како што се Др. Зло, Професор Х, Бритни Спирс и белиот Коби Брајант.
Дури и колегата на Адам во шоуто се пошегува со него нарекувајќи го Ганди, а пејачот на неговиот Твитер налог напишал: „Да се разбереме. Лекс Лутор бил ќелав. Јас ја избричив главата. Затоа што така посакав. Голема разлика. Ок?!!Ок?!!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.