Во Kинотеката на Македонија од денеска до 21 октомври ќе се одржи филмски циклус посветен на современиот шпански филм. Ќе бидат прикажани седум филма снимени во последните 20 години, со различен жанровски приод, а на кои заедничко им е тоа што се оценети со врвни оцени од домашната (шпанска) и странската јавност.
Циклусот почнува со проекција на филмот „Метод“, во режија на Марсело Пињеиро. Утре ќе биде прикажан „Kучето на градинарот“ на режисерот Пилар Миро, в сабота „По еден пиштол за секоја рака“ во режија на Секс Гај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.