Швајцарски борбен авион се урна денеска во ненаселено подрачје во источниот француски департман Дуб, без притоа да предзвика жртви, соопштија француските власти.
Федералното министерство за одбрана на Швајцарија ја потврди несреќата, нагласувајќи дека засега не се познати причините за падот на авионот.
Пилотот на авионот успеал навреме да се катапултира од леталото, по што е пренесен во универзитетската болница во Безансон.
Станува збор за авион од типот Ф-18, кој полетал од воената база Пајерн во центарална Швајцарија. Авионот се урнал на француска територија на 20-тина километри источно од Безансон, за време на одржувањето на заедничките авио-вежби на Франција и на Швајцарија, ЕУЦ 25.
До овој инцидент Швајцарија поседуваше 32 авиони од типот Ф-18 од американско производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.