Голема акција на МВР во Министерството за животна средина. Две лица се уапсени на работните места додека едно лице не било достапно. Информациите велат дека се наоѓа во странство.
Приведените лица се сомничат за злоупотреба на службената положба бидејќи како инспектори издавале потврди за вршење на дејност и за увоз на стоки на компании кои не ги исполнувале условите.
Покрај ова, кога правеле контроли во записниците внесувале податоци со невистинита содржина.
Од МВР повеќе детали најавуваат за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.