| четврток, 6 декември 2018 |

Пет познати жени кои плаќаат алиментација на поранешните мажи

Она што е необично кај нивните разделби е фактот што жената ќе биде онаа која исплаќа  паричен надомест на идниот поранешен сопруг, нешто што навистина ретко се случува.

Најчесто жените се оние кои добиваат надомест во разводот или алиментација за одгледување на децата, бидејќи се откажуваат од кариерата и потребни им се средства за понатамошно издржување на потомството и трошоците за живот воопшто. Но ова не е секогаш вака – особено во денешно време.

Според информациите на неколку странски медиуми, во разводот на Фокс и Брајан Остин Грин, тој е страната која ќе добие паричен надомест. Имено, Брајан страда од вртоглавица како последица на сообраќајна несреќа, што го спречува да работи како порано, па затоа и ќе добие паричен надомест или долготрајна алиментација од Фокс.

70th Annual Golden Globe Awards - Arrivals

Покрај нив, има повеќе познати парови со сличен развод – односно развод во кој женската половина е финансиски постабилна и е страната која исплаќа алиментација. Проследете на листата подолу:

1. Бритни Спирс и Кевин Федерлајн

File photo of Britney Spears and Kevin Federline at 2004 Billboard Music Awards in Las Vegas

Поп ѕвездата Бритни Спирс го шокираше светот кога изјави декаќе се венча со позадински танчер од нејзините настапи. По три години брак, тие се разведоа и оттогаш Спирс му плаќа на Кевин месечна алиментација од 40.000 долари. Во тоа време Спирс вредеше 165 милиони долари.

2. Џесика Симпсон и Ник Лашеј

jessica simson i nik

Парот се разведе по три години брак, време во кое имаше и свое реално шоу „Newlyweds“. Иако Симпсон му понуди само 2 милиони долари по разводот, на крајот на бракоразводната постапка Лашеј доби половина од нивниот имот, што чинеше десетпати повеќе од понуденото.

3. Кристина Агилера и Џордан Бретмен

kristina agilera i jordan

Пејачката и судијка на музичкото шоу The Voice, во периодот 2005-2011 беше во брак со агентот и продуцент Џордан Бретман, со кого имаат едно дете. Иако тој во моментот вредеше 15 милиони долари, не е ништо споредено со 150-те милиони на Агилера. Предбрачниот договор што го потпишале, спречувал Брентман да земе дел од парите на Агилера, но бидејќи на пејачката и здосадило да ја чека долгата бракоразводна постапка, направиле друга спогодба со Брентман за да се комплетира разводот побрзо – му понудила добар дел од нејзиното богатство за да се разведат побрзо, а сумата не беше никогаш откриена.

4. Ана Фарис и Бен Индра

ana faris i ben indra

Иако денеска и среќно заљубена сопруга на Крис Прет, пред него актерката Ана Фарис беше во брак со актерот Бен Индра (2004-2007). Во тој период таа заработуваше многу повеќе пари од него, глумејќи во повеќе филмови и серии како „Brokeback Mountain“, „Entourage“, „Friends“ , „Scary Movie 4“, „Mama’s Boy“ и други. Во процесот на разводот, тие го поделија имот а Фарис му исплати плус 900.000 долари паричен надомест на Индра.

5. Мадона и Гај Ричи

madona i gaj

Речиси е невозможно за жена како Мадона (која вреди преку 800 милиони долари) да најде и да се омажи со некој кој го има истиот економски статус и потенцијал за заработка како неа. Па затоа не нè чуди што се најде на оваа листа. За нејзиниот развод од режисерот Гај Ричи, по 8 години брак, таа му исплатила голема сума на пари која не е откриена, но се шпекулираше дека било над 70 милиони долари – гласина која подоцна и двајцата ја отфрлија како невистинита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top