Вчера во медиумите во Франција одекна вест во најмала рака беше сомнителна, а гласеше дека поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе е упасен поради обид за изнуда на пари од Матие Валбуена.
Познатиот фудбалер цели 12 часа помина на испрашување што ѝ беше симптоматично на цела јавност иако полицијата објави дека Сисе не е меѓу организаторите на целата операција.
Според последните информации, тројца мажи на возраст меѓу 25 и 30 години, кои и претходно биле апсени за ситни прекршоци, се обиделе да изнудат 100.000 евра од фудбалерот на Лион за секс-снимка за која и не е сигурно дека воопшто постои.
Откако беше обвинет од речиси цела јавност дека е „мозокот на операцијата“, Сисе се реши да се исповеда со директно обраќање. Фудбалерот се јави во телевизиската емисија на Сирила Ануне и појасни што всушност се случило.
– Секако дека не сум поврзан со тоа, Матиe ми е добар пријател. Само му се јавив за да го предупредам што ќе му се случи. Затоа и бев повикан во полиција, за да ја потврдам мојата страна на приказната – објасни Сисе.
Сисе и Валбуена заедно играа во Олимпик Марсеј во периодот од 2007 година до 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.