Фотографијата на Северина на која пред десет години во скут ѝ седела непризнаената ќерка на Драган Којиќ Кеба, Љиљана Јевремовиќ ја објави на својот профил на „Фејсбук“.
Љиљана Јевремовиќ (46) раскажала дека пред десет години ја сретнала Северина и раскажала дека е во судски процес со Кеба, таткото на сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ.
Таа кажала дека нејзината ќерка Ина ја држела подалеку од естрадата. Девојчето го видео Кеба само на суд, а мајка ѝ не ѝ дозволила да го гледа на телевизија за да не тагува. Како што вели Љиљана, Кеба не сакал да ја признае ниту пак да плаќа алиментација.
Иако ниту Кеба ниту неговиот син Игор Којиќ (28) никогаш не сакале да ја запознаат Ина (17), Северина се сретнала со неа во 2005 година.
Гледате ли што е судбина. Северина имаше настап во Белград. Мојата Ина тогаш имаше седум години и дојде да го види нејзиниот настап. Ја прашав дали сака да се фотографира со неа, иако таа тогаш не ни знаеше која е Северина“, кажала Љиљана.
До фотографијата напишала:„Време и лица – Роднини така да се каже“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фејсбук уште во 2014 година знаел за руското мешање на интернет
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“