Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски денеска направија обиколка на градежните работи и на асфалтирањето на клучката на влезот во Кочани од Подлошка раскрсница до хотел „Национал“ во градот.
– Се работи за рехабилитација и асфалтирање на делницата од влезот во Кочани во должина од 1.200 метри во вкупна вредност од 8,5 милиони денари. Работите целосно ги изведува „Македонија пат“ – изјави Мисајловски.
Тој информира дека денеска е распишан тендерот за изградба на патот Кочани-Делчево, во должина од 30 километри, во вкупна вредност од 10 милиони евра. Со изградбата на овој патен правец, истакна, ќе започнеме кон крајот на годината.
Мисајловски информираше и за започнатите нови инвестиции во делот на патната инфраструктура.
– Ќе започнеме со изградбата на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба – рече министерот Мисајловски и додаде оти се гради и делницата Велес-Кадрифаково, автопатот Миладиновци – Штип.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски најави реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Кочани до Пониква за наредната година.
На новинарско прашање до каде е постапката за осветлување на клучките во Кочанско, директорот Стојановски истакна дека во кочанско-виничкиот регион целосно се осветлени клучките кај Оризари и за влез во Виница од магистралниот пат Кочани- Делчево.
– Останува да се осветлки клучката кај Кочани кон Зрновци. Договорот е потпишан со изведувачот и очекуваме да се пристапи кон осветлување и на оваа клучка – рече Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
По увидот на Комисијата: Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен