Вечерва, (14-ти октомври), во киното Милениум ќе биде отворен 11-от Фестивал на новиот германски филм. На отворањето ќе биде прикажан филмот „Роден во болка“ невообичаен трилер од исклучително популарната тв-серија во Германија „Место на настанот“, која се снима уште од 1970 година, а ќе го отвори германската амбасадорка Кристине Д.Алтхаузер.
Под мотото „Сакам филм (Ish liebe Film)“ ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции од минатата и од оваа година, во десет македонски града.
„Роден во болка“ е снимен во Хесен и има добиено повеќе филмски награди. Со речиси 1.000 епизоди и 9 до 10 милиони гледачи по продолжение, серијата во меѓувреме достигна култен статус. Поентата е дека речиси секој голем германски град си има своја екипа за крим техника.
Во рамки на филмскиот фестивал од 15 до 18 октомври во киното „Форисина“ во МКЦ ќе бидат прикажани уште девет други филма: комедии, драми, еден историски филм и два детски филма.
Некои од филмовите ќе одат на турнеја уште во девет други града низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура