Јапонецот од видеозаписот играл „Мајнекрафт“, а сето тоа го пренесувал во живо преку мрежата „Твич“. Нештата сепак се претвориле во вистинска катастрофа кога тој решил да запали цигара.
Клучниот момент се случил околу 5 часот, кога сè уште запалениот кибрит го фрлил во кантата за отпадоци. Како што се запалила кантата, тој ја тргнал на другиот крај од собата, при што, погодувате, потоа работата се влошува, и тоа драстично! Неколку секунди подоцна бил во пламен и целиот ормар!
„Паметниот“ Јапонец потоа се обидел да го спаси својот дом со мала кантичка. А ако се прашувате како завршило сè, ние ќе ви помогнеме – неговата куќа изгорела до темел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.