Непознат сторител запалил оган во црквата „Света Недела“ во селото Горна Матка, Скопско, од кој изгореле две икони, а биде оштетени и внатрешните ѕидови, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во текот на минатата недела, во неутврдено време во црквата што се наоѓа во месноста Марков град. Сторителот влегол внатре и запалил оган, а покрај темелот од внатрешната страна направил ископ со длабочина од околу 40 сантиметри. За среќа, огнот не предизвикал огромна штета, а изгореле само две икони.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


