По се изгледа дека Наташа Беквалац не може да се оддели од нејзините беж високи потпетици, кои за прв пат ги прошета во 2011година.
Неодамна пејачката на снимање на една телевизиска емисија пристигна во сексапилен фустан, како и во високите потпетици на кои ѓонот им бил видно оштетен, пишуваа регионалните медиуми кои направиле целосна анализа каде се убавата русокоса се појавила во истиот пар чевли.
Само по една година од кога премиерно ги покажа, Наташа истите чевли ги облекла кога со тогашното момче Влада Вуксановиќ се појави на еден јавен настан. Дали Беквалац ја зафати финансиска криза, или, едноставно не може да се оддели од омилените високи потпетици, не е познато, но веќе во 2014 година неколку пати чекореше во истите обувки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.