Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, оствари голема гостинска победа над Северна Ирска од 2-1 во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2017 година. Сега „црвено-жолтите“ имаат идентичен број бодови заедно со Франција (6), а првопласираниот Исланд има 11 бода, но и два одиграни меча повеќе.
Селекторот Благоја Милевски истакна дека се гордее со овие млади момци, посочувајќи дека тие имаат победнички карактер.
Како тоа убаво изгледа кога македонски фудбалери ќе слават победа на гости, и ќе се радуваат во соблекувалната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.