Постојат милиони креми, тоници и останати козметички препарати кои даваат блескав тен, меѓутоа одредени намирници се многу важни за здрава кожа.
Урамнотежената исхрана, редовниот сон и хидратацијата се од витална важност за вашето здравје, како и за вашата кожа.
Овие намирници ќе ви гарантираат здрава, блескава младешка кожа без скапи козметички третмани и креми:
Јагоди – богати се со витамин Ц, кој ги неутрализира негативните чинители при изложување на сонце, ги зајакнува капиларите кои ја уништуваат кожата, помагаат при прикривање на различни дамки на кожата. Јагодите содржат и витамин Е кој, исто така, ја штити кожата од ошетување на клетките.
Авокадо – и дава здрав, убав и младешки изглед на кожата. Богат е со витамин Е и дејствува како природен освежувач на вашата кожа.
Јајца – одличен извор на биотин, најважниот витамин Б кој ја сочинува основата на кожата, ноктите и косата. Јајцата, исто така, содржат и селен кој ја штити кожата од надворешните влијанија.
Морков – витаминиот А и високото ниво на бетакаротен во овој зеленчук дејствуваат како антиоксиданс и на тој начин се спречува оштетувањето на клетките, појавата на брчки и акни.
Вода – никако не смее да се потцени важноста на хидратацијата на организмот, бидејќи дури и мала дехидратација може да доведе до тоа кожата да изгледа суво и уморно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.