Холандскиот премиер Марк Руте, денеска ја повика Русија во целост да соработува во врска со кривичната истрага за одговорноста за уривањето на малезискиот авион на летот „нх17“ над источна Украина, при што загинаа 298 луѓе.
Повикот следуваше по објавениот конечен извештај на Комисијата за воздухопловна безбедност на Холандија за оваа авионска несреќа.
Во извештајот е заклучено дека ракетата „бук“ од руско производство, била истрелана кон авионот од територијата на источна Украина, но не е утврдено кој е одговорен за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.