| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од повредените во сообраќајката кај Кичево се надвор од животна опасност

Сите повредени работници што настрадаа во сообраќајната несреќа кај Кичево, а беа префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, се надвор од животна опасност, потврди д-р Драган Спасески, кој појасни дека станува збор за седум пациенти згрижени во установата по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на регионалниот пат Кичево – Осломеј.

–  Утрото беа примени и згрижени седум пациенти од кои двајца со потешки телесни повредни, со скршеници. Другите лица се под опсервација, што значи дека во текот на денот целосно ќе бидат дијагностицирани. Инаку, сите се надвор од животна опасност – изјави Спасески.

Инаку, едно од лицата пренесени во „Свети Еразмо“ имало лесна повреда, така што по прегледот и терапијата е испратено на домашна нега.

Осумнаесет работници на РЕК „Осломеј“ беа повредени, од кои деветмина потешко, во сообраќајната несреќа што утрово во 6.45 часот се случи кај кичевското село Мамудовци, на регионалниот пат што од Кичево води кон Осломеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top