| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Имаме листа со осомничени бомбаши-самоубијци

Турција има список на осомничени лица кои би можеле да извршат самоубиствени напади, но не може да бидат преземени предвреме правни дејства, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу за турската новинска агенција „Анадолија“. Тој посочи дека не можат да бидат преземени никакви дејства против осомничените бомбаши-самоубијци пред да извршат напад. Давутоглу посочи дека е утврдено како извршителите на двојниот напад во Анкара, при што загинаа 97 лица, а 140 беа повредени, пристигнале во Турција.

– Терористите најверојатно влегле во Турција од соседна држава – истакна турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, додавајќи дека неколку лица се приведени, но не наведе повеќе детали.

Во Анкара околу 200 студенти се собраа во Анкарскиот универзитет за да им оддадат почит на жртвите од саботниот напад. Најмладата жртва е деветгодишната Вејсел Аталган, која загина заедно со својот татко. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top