| четврток, 6 декември 2018 |

Поради една фотографија: Дадилка заврши на суд и му плати отштета на австралискиот Хју Хефнер

Травес Бејнон, тутунскиот моќник од Австралија попознат под прекарот Кендимен, добил 25.000 долари отштета од дадилката што ги чувала неговите деца.

Screenshot_1

Мишел Менти пред камерите  кажала дека Бејнон е лош родител, тврдејќи дека тој ги пуштил децата да ја гледаат нивната мајка како лежи гола на маса, прекриена со суши.

Нејзините тврдења на суд, сепак, се окарактеризирани како измислици, па дадилката морала да му плати цело богатство на поранешниот работодавец.

Мишел Менти во споменатото телевизиско интервју изјавила дека извршниот директор на тутунскиот синџир „Фричојс“ води „лудачки живот“ и дека луѓето „константно влегуваат и излегуваат од неговата куќа“.

– Разбирам дека тоа е стил на живот што му се допаѓа, но сметам дека е должен да ги заштити своите деца. Неговите ќерки беа присутни кога нивната  мајка беше гола и прекриена со суши и тој ја фотографираше – кажала дадилката.

Фотографијата што осамна на профилот на Кендимен по повод прославата на Октобрфест. Девојката од десната страна е неговата сопруга.

Screenshot_21

Меѓутоа судот утврдил дека девојчињата во тој момент не биле во куќата, па  донесе пресуда за отштета за повреда на угледот на Бејнон.

245

Судијата додал и дека австралискиот Хју Хефнер, веројатно, би добил и поголема отштета, доколку преку неговиот профил на „Инстаграм“ не промовираше  толку слободени хедонистички стил на живот.

445192677555b145077ed1476795629_w640

hju_1432032408_670x0

inst22

Screenshot_1

Screenshot_2

Travis-Beynon-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top