Ноќва во временски период од 23,30 до 00.45 часот, на четири локации во Куманово опожарени се 11 патнички моторни возила.
На ул.„Пионерска“ опожерени се четири возила: „фолксваген голф“ сопственост на Ѓ.Г.(38) од Куманово, „форд фиеста“ соственост на И.Б.(28) од Куманово, „опел астра“ сопственост на И.С.(35) од Куманово и „рено меган“ сопственост на Г.Т (38) од Кратово.
На ул.„Димитрие Туцовиќ“ опожарени се исто така четири возила: „голф“ сопственост на А.Ш.(37) од Куманово, „тико“ сопственост на Н.П.(53) од Куманово, „шевролет авео“ сопственост на И.Р.(46) од Куманово и „мерцедес“ сопственост на Ѓ.А.(27) од Куманово.
На ул.„11-ти Октомври“ опожарени се два автомобила: „матиз“ сопственост на А.Т.(40) од Куманово, „пежо 807“ сопственост на Н.Н.(44) од Куманово, а на ул.„Гоце Делчев“, опожарено е „ауди“ сопственост на Д.М.(40), сите од Куманово.
Од страна на ППЕ-Куманово пожарите се изгаснати, при што повеќето од возилата се целосно изгорени. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово околу 01,00 часот е приведено осомничено лице и се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ке биде поднесена соодветна кривична пријава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.