| четврток, 6 декември 2018 |

Судски процес за двојното убиство во Охрид: Осомничените се изјаснија за невини

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за двојното убиство што минатата година се случи пред угостителскиот објект „Император“ во Охрид.

advokat sudija sud

Главниот осомничен Бојан П. (31), жител на Охрид, на првото појавување пред Судот на 1 овој месец се изјасни за невин за обвиненијата дека ладнокрвно извршил двојно убиство и за неовластена употреба и чување  огнено оружје и распрскувачки материјали.

Второобвинетиот во случајот Ристе С. (31), кој се обвинува за помагање на сторител по извршено кривично дело, исто така на првото рочиште се изјасни за невин.

Главниот претрес по случајот денеска треба да продолжи со исказ на сведоци на настанот и изнесување докази.

Двојното убиство се случи на 22 август минатата година, во ресторанот на угостителскиот објект „Император“ на улицата „15. Корпус“ во Охрид, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Ристески (56) и лицето Ромео Ѓузелоски (38), и двајцата жители на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top