| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовни маки на Влатко и на Даре: Едниот страда по поранешната девојка, додека другиот се вљубил на прв поглед

Двајца македонски пејачи се најдоа во љубовни маки. Влатко Илиевски  со ретрофотографија се присети на поранешната љубов, додека Даре на социјалните мрежи ја обелодени новата љубов, која му се случила на прв поглед.

илиевски345

Македонскиот пејач беше во врска со актерката Ана Стојановска, а на социјалните мрежи се пофали дека го впишал своето име на „Гугл“, па покрај стара фотографија од него во почетоците со групата „Морал“ му излегла и фотографија со поранешната сакана.

Screenshot_1

Дарко Илиевски на социјалните мрежи  откри дека му се случила љубов на прв поглед. Иако помисливте на девојка, се излажавте. Пејачот се заљубил во прекрасно мало маче, а фотографија  со голема радост ја сподели со обожавателите.

Screenshot_2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top