Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо започнува со скаутинг на играчи кои сака да ги доведе во зимскиот преоден рок за да го засили својот тим, на кого не му оди најдобро во новата сезона во Премиерлигата.
Тој се појави на Олимпискиот стадион во Киев облечен како „џедај“. Сепак откако стивнаа написите за тоа каков е атуфитот на Мурињо, откриено е што точно посакал да види тој на квалификацискиот натпревар меѓу Украина и Шпанија.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој лично сакал да се увери во квалитетите на украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко.
Овој 25-годишен напаѓач на Динамо Киев, на големо се поврзува со трансфер во Барселона, но за него е заинтересиран и Лацио, а во приказната се вклучува и Челси и тоа лично преку Мурињо.
Извори блиски до Португалецот откриваат дека „специјалниот“ е импресиониран од тоа што го видел. Силен во дуелите, Јармоленко е напаѓач кој може да извршува повеќе улоги во нападот, разноврсен е во играта, токму тоа што го сака и Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)



