Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава околу седум часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј кај селото Мамудовци. Во несреќата меѓу две патнички комбиња и едно товарно возило се повредени 18 лица од кои шест со тешки повреди се хоспитализирани во охридската болница „Св. Еразмо“, а три лица поради сериозните повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Во несреќата девет лица минале со полесни повреди.
Според информациите од СВР Охрид несреќата се случила во момент кога едно од комбињата почнало да престигнува друго комбе при што дошло до директен судир со товарното возило што доаѓало од спротивен правец, а потоа и со комбето.
Комбето што било престигнувано излетало од патот, а другото удрило во бетонски столб. Повредените биле работници штосе превезувале до РЕК Осломеј.
Јавен обвинител во присуство на полициски екипи извршил увид, а за време на истиот сообраќајот се одвивал наизменично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


