| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав балкански пир на Малта, се степаа српско обезбедување со хрватски навивачи

hrvatska

Хрватска го игра клучниот меч за пласман на ЕП 2016 против Малта на гости, а предиграта на денешниот дуел мина со сериозни инциденти пред ноќниот клуб „White Palace“.

Ноќеска се судрија членови на обезбедувањето на ноќниот клуб, претежно Срби со хрватските навивачи. Во масовната тепачка има и повредени и упасени, а материјалната штета е голема.

На хрватските навивачи им е забранет влез на стадионот, но тие најавија дека ќе бидат на трибините. Хрватска има еден бод помалку, токму поради своите навивачи кои нацртаа фашистичка „свастика“ на теренот во Сплит пред мечот со Италија во овој квалификациски циклус.

Вечерва на „коцкестите“ им треба победа на Малта за директен пласман на ЕП, но и пораз или реми на Норвешка на гострувањето во Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top