| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората добра за ајвар, лоша за гласање

Лидерот на СДСМ за време на преговорите за изборните правила влезе со сета сила да ги исклучи македонските иселеници од процесот на гласање. Бара бројот на пратениците од таму да имаат поддршка еднаква како пратениците во Македонија, што е невозможно, а и вон законските решенија во државите кои овозможуваат гласање на дијаспората.

glasanje vo sad 1Имено, Заев и СДСМ сакаат да ја казнат дијаспората бидејќи практиката покажала дека иселениците многу повеќе ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ. Тоа и не е за изненадување, ако се земе предвид дека најголемиот број од нив се иселени во периодот пред осамостојувањето и првата деценија по македонската независност. Всушност, ги казнува оние кои и избегаа од политиките на системот чиј што наследник е СДСМ. Меѓу иселениците најбројни се оние кои со сето срце се залагаа за сопствена држава на Македонците, како и оние кои останаа на улица при криминалната приватизација на државните компании, при што 200 000 останаа на улица без парче леб. Иселениците беа и најпогодени од „Октоподот“ со пирамидалните штедилници, кога нивните пари пратени до семејствата беа однесени во „непознат правец“. Многумина останаа дури и без кров на глава, па посегнаа и по сопствениот живот.

tatДел од оние кои се претставуваат како дијаспора, за поддршка на СДСМ во барањата дијаспората да не гласа велат дека не би требало дијаспората да се меша во политиките во татковината. Ваквите тези доаѓаат од истите оние кои се обидоа да протестираат пред македонските дипломатски претставништва во поддршка на „шаторската населба“ на СДСМ пред владата во Скопје, што пак исто така значи мешање во политиките во татковината.

Истите тие додаваат дека граѓаните во новите држави многу позитивно гледале кога доселениците ги славеле нивните празници или на пример во Велика Британија го славеле кралското семејство. Ваквите примери не се ништо поразлично од тоа да се каже дека Грците биле многу радосни кога Македонците, мал дел од оние кои го преживеале геноцидот врз нив, прифатиле да се откажат од македонското во себе, од традицијата, јазикот и посебноста. Секако, поддршка кон таа политика се доби и со откажувањето од Македонија, во време на владеење на СДСМ, да се грижи за Македонците во соседството и во дијаспората.

glasanje avstralijaЦелта на ова казнување на дијаспората е да се укинат трите пратенички места доделени на Македонците во дијаспората од САД, Европа и Австралија. Тие да не влијаат во креирањето на политиките во татковината, каде со нивни пари се одржуваа семејствата кога СДСМ ја искачи невработеноста во Македонија на цели 40 проценти. Тие да не го дадат својот глас за опцијата која законски им ги реши прашањата поврзани со нивните имоти, управувањето со нив,  легализација на изградените објекти, опцијата која почна да ги вработува младите, да се грижи за руралниот развој и го подржа земјоделството како извор за егзистенција. Иселениците да не учествуваат во градењето на политичката иднина на земјата во која сега можат да планираат да се вратат и во пензионерските денови дома да ги користат благодетите на пензијата заработена во туѓина.

zaev dolariТоа е политиката на Заев и на СДСМ. Во меѓувреме, пак, без ниту трошка срам, Заев продолжува да им продава ајвар на доселениците. Според информациите од Австралија, само во Мелбурн компанијата на Заев извезува 1.200.000 тегли ајвар. Се чини неговата грижа за нив е до таму. Да мачкаат ајвар на лебот. Неговиот ајвар да е последната врска на сетилата кон татковината. А иселениците со доларите да ги поддржат неговите прошетки до луксузни вили во Грција.

Тоа пак што се дознава од преговорите е дека се води тешка битка во која ВМРО- ДПМНЕ сака да остане решението да не се делат Македонците. Ставови на Заев не наидоа на одобрување дијаспората, каде со нетрпение го очекуваат финалниот текст од договорот. Останува да се види дали на крај ајварот на Заев ќе може да ги премачка гласовите на Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top