| четврток, 6 декември 2018 |

Избори САД: Трамп и Клинтон и понатаму на врвот

tramp klinton

Милијардерот Доналд Трамп и понатаму е на врвот на многубројната листа републикански кандидати за претседателска номинација. Кај демократите пак, фаворит е поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон.

Најновото истражување на јавното мислење на примерок од 1.200 гласачи спроведено од ТВ-мрежата „Си-би-ес њуз“ покажа дека Трамп има поддршка од 27 проценти од републиканците, а веднаш зад него со 21 процент од гласовите е неврохирургот Бен Карсон.

Бомбастичниот Трамп ги освоил симпатиите на републиканските гласачи огорчени од Вашингтон потсмевајќи им се на противниците и нарекувајќи ги губитници и слабаци, пренесува Глас на Америка.

Никој од останатите 13 републикански претенденти нема двоцифрена поддршка.

Што се однесува на демократите, „Си-би-ес“ наведува дека поранешната шефица на дипломатијата Хилари Клинтон со 46 проценти од гласовите е далеку пред останатите кандидати, додека на второ место е независниот сенатор Берни Сандерс со 27 проценти поддршка.

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, кој сѐ уште официјално не објавил кандидатура, има поддршка од 16 проценти гласови од демократите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top