| четврток, 6 декември 2018 |

Снимањето на францускиот филм продолжува на делницата кон Градско

Francuski film obikolnica (8) (Custom)

Снимањето на францускиот филм „А фонд“ од денеска продолжува на нова локација, на магистралниот пат А1, поточно на делницата од мотелот Македонија до Градско.

Поради снимање на филмот, овој дел од патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 5 часот наутро  до 18 часот попладен. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работните денови. Претходно снимањето се одвиваше на обиколницата кај Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top