| четврток, 6 декември 2018 |

Костадиновски: Механизацијата е на терен со цел справување на штетите

ванцо

Механизацијата е на терен и онаму каде што населението е најмногу погодено итно ќе се реагира, а потоа ќе се пристапи на санирање на штетите, појасни на гостувањето на вестите на Канал 5, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Временските неприлики повторно предизвикаа штети, не само во земјоделството туку и во домовите, а во насока на справување со последиците ние како Влада на Република Македонија веднаш реагиравме. Механизацијата е на терен и онаму каде што населението е најмногу погодено итно ќе се реагира, а потоа ќе се пристапи на санирање на штетите, појасни на гостувањето на вестите на Канал 5, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Костадиновски на гостувањето зборуваше и за средствата од Фондот за рурален развој, односно како можат општините да ги користат овие средства.

-Програмата за рурален развој е национална програма која што има средства од Буџетот на Македонија и годишно изнесува околу 35 милиони евра и овие средства пред се се наменети за подобрување на руралната инфраструктура во општините, односно сите општини кои што имаат рурални подрачја можат да аплицираат и да користат средства за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини. Тоа значи изградба на локални патишта, улици, изградба на канализациона, или водоводна мрежа, плоштади, културни домови и сето она што значи подобрување на животот и инвестиции во инфраструктура во руралните подрачја. За таа цел само на пред последниот оглас аплицирале сите општини и имаат искористено сума од износ на 12 милиони евра за 140 проекти, појасни тој.

Со последниот оглас кој што беше објавен во месец мај и заврши во месец јуни повторно аплицирале сите општини а одобрени се 3 пати повеќе средства во однос на пред последниот оглас.

-Сега наместо 12 милиони евра на располагање им стојат 35 милиони ера како повеќе годишна програма, како дел од Националната стратегија за инвестиции и развој во руралните подрачја, заклучи тој.

Интересот на земјоделците за јавниот повик 50-50 е најголем до сега, вели Костадиновски.

-Пристигнати се 1.600 апликации. Оваа мерка значи поддршка од страна на Владата во делот на кофинансирање преку модернизирање на обработувањето на земјоделските површини. Односно набавка на современа земјоделска механизација. За оваа цел обезбедени се околу 2 милиони евра, појасни тој и подвлече дека во изминатиот период за оваа мерка се обезбедени повеќе од 7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top