Како досега што имавме агенда за посета на сите населени места, сега започнуваме со уште позасилено темпо да ги посетиме сите граѓаните, исте земјоделци во Република Македонија да им кажеме дека дојдено е времето кога земјоделците треба да си одлучат за сопствената иднина и да стаат крај на кризата која ја предизвика СДСМ, истакна денес Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ кој оствари средба со жителите на кавадаречко Бошава.
-11 декември ќе биде денот кога сите граѓани ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ пред се заради не може да се доведува во прашање егзистенцијата на македонскиот народ преку пазарење со македонските национални интереси. Народот знае да препознае и преку глава им е на сите од таквото однесување на СДСМ и дека дефокусирање на јавноста од секојдневните проблеми, решавање на истите е доведено во прашање во делот на она што значи реализација на проекти, на инвестиции, отворање нови работни места, исплаќање субвенции за земјоделците, истакна Костадиновски.
Тој додаде дека во периодот што следува граѓаните ќе имаат можност на директни средби со функционери од партијата да го кажат својот проблем и да слушнат што се планира во иднина.
-На 11 декември граѓаните ќе ја поразат политиката на редефинирање на Македонија и воспоставување на двојазичност на територија на цела република, посочи Костадиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.