| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш беше дете ѕвезда, а денес е запуштен чудак со крзнени уши (фото)

Пред точно 25 години премиерно беше прикажан првиот дел од семејната комедија “Сам дома“.

самд ом а насловна

Приказната за осумгодишниот Кевин, кој родителите го забораваат дома и кој се бори со двајца не толку умни крадци, ја засакаат многумина поради фантастичната глума  на тогаш десетгодишниот Меколи Калкин. Момчето веќе имаше искуство глумејќи во неколку филмови и серии до тогаш, но улогата во филмот “Сам дома“ му донесе светска слава. Две години подоцна, во 1992 година, снимено е второто продолжение на овој филм, а Меколи како тинејџер глумеше во уште неколку семејни филмови (Моја девојка и Ричи Рич се некои од најпознатите). Меѓутоа, по тоа , кариерата му стагнираше  и речиси цела деценија не сними ништо.

мк1

Калкин бил осум години о врка со Мила КУнис, а се зборуваше и дека интензивно се дрогира и ја губи битката со зависноста, а од време на време на интернетоо се појавуваа вести и за неговата смрт. Многу слаб, неизбричен и со неуредна фризура се појавуваше од време на време во јавноста, а ниту медиумите не му беа наклонети. Како ниту режисерите на филмови, кои се поретко го ангажираа, па ова некогаш популарно момче ѕвезда во последните години го позајми гласот во анимираниот филм “Робот чикен“ и се појави во неколку споредни улоги во филмови и серии.

мк2

Вчера се појави во Комик кон во Њујорк каде уште еднаш изненади со изгледот – лакирани нокти, неуредна долга коса и со телефонот ја  фотографираше собраната публика.

мк4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top