| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл одби да се врати во Мадрид, одбра да присуствува на спектаклот во Кардиф

Репрезентацијата на Велс се квалификуваше за Европското првенство 2016 година иако загуби на претпоследниот натпревар во Босна и Херцеговина од 2-0. Секако најзаслужен за големиот успех е играчот на Реал Мадрид Герет Бејл кој игра во фантастична форма во овие квалификации за својата земја.
Сепак, управата на Реал Мадрид по серијата повреди на своите клучни играчи, Бензема и Модриќ се повредија во настапите за своите репрезентации, посакаа да ги зачуваат и останатите ѕвезди во тимот и побараа од репрезентациите ги ослободат превреме за престојниот натпревар против Леванте во рамките од Примера дивизија.
За тоа никако не сакаше да слушне Герет Бејл кој сака да присуствува на спектаклот во Кардиф каде пред своите навивачи ќе го прослави учеството на Европското првенство.

– Бејл сакаше да остане во Кардиф и со тоа ги налути челниците на Реал. Тие го побараа истото и од Кристијано Роналдо, а Португалецот без збор прифати – открива член на стручниот штаб на Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top