Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска во 12:30 часот ќе изврши увид во санирање на штетите во поплавените подрачја во Охрид.
Состојбата со поплавите кои ги предизвика големото невреме што во изминатото деноноќие го зафати Охрид полека се стабилизираат. Министерот Мисајловски од вчера е во Охрид.
По невремето кое го зафати Охрид, вчера попладне беше одржана вонредна седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на која покрај градоначалникот на Охрид и директорите на општинските јавни претпријатија, присуствуваше и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и директорот на ЈПДП Александар Стојанов.
На состанокот беа утврдени критичните точки, сите пет свлечишта кои се појавија во овој регион веднаш се санирани, се договори да се обезбедат дополнителни пумпи за вода и дополнителна механизација.
Министерот Мисајловски синоќа изјави механизацијата на терен работи на справување на штетите и нагласи дека приоритет е будно да се следи состојбата и да се види дали има потреба од додатно ангажирање на пумпи и на целосна механизација во сите подрачја зафатени со врнежите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија