| четврток, 6 декември 2018 |

Интензивни бои во новата колекција накит на Илина Поповска

Илина Поповска е дизајнерка на накит која неодамна ја промовираше својата нова колекција во која се забележува игра со бои, форми и тексутри, за разлика од нејзината досегашна работа каде што најчесто користеше филигранска техника со современ дизајн.

12006207_694494957322104_8042908871985211170_n

Современиот дизајн и понатаму преовладува во работата на Поповска, но сега во поинаква форма – изразен преку геометријата, јасните контури и интензивните бои кои преовалдуваат во оваа унисекс колекција со изразена артистичка нота.

12036872_694494963988770_3610585484769543170_n

Кога почнала да се занимава со изработка на накит Поповска прво работела накит од монистра, посребрена жица комбинирана со стакло или полудраги камења, а подоцна филигранот станал нејзина главна дејност. Работи со сребро и со дрво, иако овие два материјала се сосема различни за работа.

Нејзината претходна колекција „Сложувалка“ беше мошне успешна и ја имаше во две варијанти – филигранска сложувалка и сложувалка од ореово дрво.

11059343_694495043988762_5837383121266885553_n

– Првата сложувалка беше направена за роденденски подарок од тетка за внука и е направена во филигран. Инспирирана е од ликот на внуката. Подарокот беше полн погодок и јас добив многу позитивни критики. Подоцна разработив цела колекција која ја има во две варијанти – го раскажува парчето од „сложувалката“ Поповска.

Интересно е што иако го дизајнира, ретко го носи накитот на себе. – Ако носам, тоа се најчесто алки и тоа изработени од дрво – ја завршува својата приказна Поповска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top