Не е тајна дека слатките лошо влијаат на изгледот на телото, но дерматолозите предупредуваат на уште една „опасност“. Шеќерот го забрзува стареењето на кожата, бидејќи со процесот на глокозилација (поврзување на шеќерот за протеините и липидите) се создаваат предвремени брчки, а може да се оштети и структурата на обвивката на телото.
Доколку сакате да се забави процесот на стареење, од исхраната треба да се исклучи шеќерот во секоја смисла на зборот, се наведува во извештајот на Фредерик Брант, еден од најпознатите лекари демартолози во САД.
Според него, шеќерот го забрзува пропаѓањето на еластинот и колагенот, протеини кои се клучни за здравјето на кожата.
„За враќање на часовникот назад 10 години, доволно е само да се јаде помалку шеќер, истакнува Брант, објаснувајќи дека веќе по 10 дена од престанувањето на конзумирањето шеќер, лицето природно се „затегнува“, а по една година целосно се менува и изгледот на целото тело.
Тоа е затоа што при конзумирањето шеќер се создаваат молекули кои влијаат штетно на кожата. За да се неутрализираат треба да се пие зелен чај богат со антиоксиданси.
Процесот на подмладување треба да започне со анализирање на начинот на исхрана и откажување од секоја слатка состојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?
-
Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава
-
Препознајте ги на време: Знаци кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е висок


