| четврток, 6 декември 2018 |

Путин потпиша: Збогум долар, збогум евро!

Владимир Путин, председaтелот на Руската Федерација и првиот човек на евроазискиот блок, денеска потпиша закон со кој се воспоставува нова финансиска рамка на работење, а која овозможува Русија и уште пет членки на евроазискиот блок во меѓусебните трансакции да не ги користат ниту еврото, ниту доларот.

Станува збор за т.н. единствен финансиски систем на земјите на Царинската унија, односно Сојузот на независни држави (СНД), т.е. држави на поранешниот советски простор.

Со ова ќе се предизвика целосен крах на финансискиот систем на САД и ЕУ, оценуваат аналитичарите, а веќе извесно време се прогнозираше дека таков потег од Русија и Кина би довел до потполн колапс на економијата на евроатланскиот блок.

Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргизија и Таџикистан, како членки на  СНД, ќе работат без користење на доларот и валути штом овој закон ќе стапи на сила, пишува украинскиот весник „Обозревател“.

Путин на Државната Дума и го упати на гласање, односно на ратификација Договорот кој ги уредува новите одредби на финансиското работење меѓу споменатите држави.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top