| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Во последниве 7-8 години се креирани 130.000 работни места

-Ако се погледне влијанието на сите мерки кај компаниите околу 64.000 работни места кај домашните компании се креирани како резултат на овие активни мерки. Јас би го оценил ова како успешно, но важно е дека овој тренд се засилува. Се разбира, тоа не е резултат само на активните мерки што ги прави Агенцијата за вработување, туку на креирањето на една севкупна економска клима, кој и ги привлекува странските компании и го подобрува функционирањето на буџетот во делот на капиталните инвестиции и придонесува кај домашните компании. Ако се погледне целокупниот ефект во изминатите 7 до 8 години, над 130.000 нови работни места се креирани и бележиме пад на невработеноста за повеќе од 11 процентни поени, потенцира вицепремиерот Владимир Пешевски во „Сител“.

Пешевски додаде дека не постои држава во Европа која имала поголем пад на невработеноста во овој временски период, а рангирањата кои ги прават меѓународните институции велат дека Македонија е лидер дури и во светски рамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top