Синоќа, според охридските медиуми, во Охрид наврнале 90 литри на метар квадратен. Култното кафуле „Аквариус“ беше поплавено, а исто и улицата „Коста Абраш“ на која покрај „Аквариус“ се наоѓаат бројни кафулиња на крајбрежјето.
Обилните врнежи на повеќе места го прекриле со земја, камења и корења патот кој води од Охрид до Свети Наум. И нивото на водата во каналот „Студенчишта“се подигна така што дел од чамците беа потопени.
Екипи на ЈП НИСКОГРАДБА и ВОДОВОД Охрид од рано утрово се во Пештани и со механизација го чистат теренот. На терен излегол и Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а неговата посета на некои од поплавените локации ја следат дел од медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.