
Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста и во образованието и науката.
Добитници на наградата „11 Октомври„ за 2015 година се писателот и академик Митко Маџунков во областа на културата и уметноста, а во областа на науката и образованието ја добија проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.
Во името на добитниците, говорејќи за историјата академик Маџунков посочи дека наши обврски сега и во иднина се да ја зачуваме државата. Маџунков, кој е добитник на наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, според критиката, претставува споменик на македонскиот книжевен јазик и израз, кој воспоставува највисок можен стандард за идните генерации и со тоа израснува во борец за афирмација на македонскиот јазик.
Професорот и дигестивен хирург Јанкуловски наградата ја доби за континуирана академска кариера со сите звања, од асистент до редовен професот, а од 2009 година и декан на Медицинскиот фалутет во Скопје. Како хирург на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија покажува перманентен, стручен и професионален развој во земјава и странство. Со својата 25 годишна посветеност во работата е доајен на лапароскопската хирургија во Македонија. Признанието за него претставува голема обврска и привилегија, но и мотив за поуспешно да работиме секој во својата област.
– Резултатите на кои се должи оваа награда се добиени со макотрпен труд и лична работа. Наградата претставува голема обврска која понатаму ќе ме мотивира да работам многу повеќе и поуспешно за мојот народ, мојата држава и да дадам поголем придонес за здравството во Република Македонија, нагласи Јанкуловски.
За достигнувањата во збогатување на научната мисла во земјава и надвор од неа наградата за животно дело во образованието и науката му беше врачена на професорот по албански јазик Махмуд Хиса.
– Наградата е резулатат и верификација на вложениот труд од над 40 години, работа и пишување. Резултат на долгодишната научна просветна и културна работа, рече Хиса.
На историчарот и научен работник Димитријевски наградата му беше врачена за достигнуавња во научно истражувачката дејност. Според него, основното во славењето на празниците е да се слават вредностите, и тоа да биде патоказ за идните генерации.
– Сите празници си имаат своја вредност. Работам на тоа и сакам да докажам дека празниците се тие кои се влезници во историографијата. Младите генерации со задоволство ги прифаќаат традициите, но тешко е да ги разберат вредностите. Треба да им се каже што е тоа зошто се одбележува овој празник и зошто е толку значаен во Република Македонија, истакна Димитријевски.
Секое постигнување на полето на науката, културата, уметноста, здравството, секој напишан труд, поема, роман, насликано дело, спасен живот…, според Надица Митреска член на одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, претставува уште едно востание за уште една извојувана побеада за креативност, оригиналност и изразување.
– Оддавањето признание за овој современ тип на борба, претставува акт на поддршка на современата македонска држава на прогресот и демократијата. Се надевам дека државната награда „11 Октомври“ уште долго ќе претставува симбол на независна, слободна, демократска Република Макеоднија и ќе биде показател на стремежот кон хармонија и напредок, рече Митреска.
На Доделувањето на наградата присуствуваа претседталот на Република Македонија Ѓорге Иванов, архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, пратеници…
Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


