Состојки:
8 поголеми листови пршут
8 јајца
80 г моцарела исечкана на мали коцки
маслиново масло
свежо мелен бибер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Премачкајте со маслиново масло осум калапи за мафини. Во секој калап ставете по еден лист пршута. Рамномерно распоредете сечкана моцарела и во секоја корпичка скршете по едно јајце и печете 15 минути. Секоја корпичка внимателно одвојте ја од калапот и поросете со свежо мелен бибер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.