| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Јолевски упати честитка по повод 11 Октомври

jolevski
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упати честитка по повод државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание, до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани.

– На 11 октомври ‘41-та, македонскиот народ покажа дека неговиот идеал, неговата цел се слободата, демократијата и еднаквоста. Македонија и нејзиниот народ покажаа патриотизам, храброст и визионерство, ја донесоа вистинската одлука застанувајќи на страната на сојузниците во борба за заштита на слободарскиот дух, наведува во честитката.

Тие идеали за слобода, демократија и просперитет, додава министерот, денеска можеме да ги видиме во припадниците на Армијата на Република Македонија. – Нашите мировници со сите свои способности и капацитети даваат сè од себе за она што нашите граѓани го имаат во Македонија, да биде реалност во сите делови од светот“, порача министерот во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top