Истрагата по вчерашниот терористички напад во Анкара, Турција, покажала дека од двајцата бомбаши-самоубијци кои се одговорни за смртта на над 95 лица учесници на митинг, е жена. Утврдено е категорично дека атентаторите-камикази се две лица и дека едната е жена. По експлозиите само двајца луѓе биле буквално расфрлани.
Органите се однесени до специјализирана болница, а идентитет не е откриен. Според очевидци, жена влегла во тоалет во зградата на централната станица, каде што останала невообичаено долго. Кога излегла, била наредена со бомби и со брзи чекори се упатила кон луѓето на митингот. Се уште се утврдува идентитетот на загинатите.
Претседателот на САД Барак Обама му телефонирал на претседателот Реџеп Таип Ердоган и изразил сочувство кон болката на Турција. Поддршка и сочувство упатија и лидерите на Русија Владимир Путин, како и амбасадите на голем број држави во Анкара, и шефот на Делегацијата на ЕУ во турската престолнина Хансјорг Хабер, соопштија од владината прес служба.
Додека Турција добиваше изрази на сочувство од светските лидери, се огласи и Исламската држава, кои го поздравија нападот, а на пораката пратена по Твитер посакаа бројот на жртви да бил поголем.
Утврден е идентитетот на 52 од жртвите. Според официјалните податоци убиените се 95, во критична состојба по тешки повреди се 48, а повредени се 246 лица. Засега нема пораки некоја од терористичките групи да ја презеде одговорноста за нападот, определени како најкрвавата инцидент и масовно убиство во современа Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.