Под влијание на циклонска активност и постудена воздушна маса, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат до 30 литри на метри квадратни.
Денеска во вечерните и ноќните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а утре ќе дува умерен северен ветер, што ќе придонесе за пад на температурата, која ќе се движи од 8 до 13 степени, и врнежи од снег на планините.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне на места се уште се можни слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и планините слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


