Многу жени се соочуваат со болни менструации чија причина е силното грчење на матката. Како успешно да се ослободите од менструалните болки или како барем да си ги олесните тие денови во месецот?
Умерено вежбање и секс
Било какво движење, особено умереното, ќе обезбеди зголемен проток на крв, а со тоа и подобро чувство. Интензивно вежбање, поради силните грчеви, веројатно нема да ви годи. Ви препорачуваме да пробате пливање, пешачење или возење на велосипед.
Вежбањето ќе ја зголеми циркулацијата во карлицата, па поради тоа веројатно ќе го намали и нивото на простагландин, хормонт кој е еден од главните предизвикувачи на менструални грчеви. Важен дел од вежбањето, кој ќе ја намали болката и менструалните грчеви и ќе влијае на намалување на нивото на хормонот на стрес, е освежувањето и опуштањето при што е клучно длабокото дишење.
Исто така, секс за време на менструацијата е одличен избор – оргазмот ќе ви донесе добро расположение и барем привремено ќе ја отстрани болката
Хормонална контрацепција и останати лекови
Иако контрацепциските пилули имаат несакани ефекти, докторите ги препишуваат на жените кои се соочуваат со болни менструации. Поради хормоните кои ги содржат, а особено поради нивната комбинација, имаат корисно влијание при намалувањето на болните менструации. Многу кориснички се задоволни и од тоа што менструациите не се толку обилни и долги.
Се разбира, исто така можете да се обидете и со обични таблети за ублажување на болки. Тоа значи да не чекате навистина силна болка и грчеви поради кои нема да можете да се движите. Веројатно го познавате своето тело, па штом забележите дека болките почнуваат, земете таблета. Тоа ќе го спречи развојот на посилна болка и грчеви. Ние ви препорачуваме послаби таблети, т.е прво да се обидете со нив. Секако, со тоа треба задолжително да се консултирате со доктор кој ќе ви препише нешто што ви одговара.
Побарајте положба за одмарање
Испробајте ги сите положби за да си ја олесните болната менструација. На некои жени им е полесно во лежечка положба, на други пак им олеснува положбата во која се склопчени, со колената прилепени до себе.
Понекогаш помага и нежна масажа на стомакот која може да ги ублажи грчевите. При соочување со болки во стомакот за кои не е причина само менструацијата, помага и ставање на топол пешкир или термафор со топла вода кој се поставува на стомакот.
Посегнете по природна помош
За болните менструации постојат и некои препораки кои вклучуваат природни сусптанци. Интернетската страна Ayurveda-nithi.si препорачува витамин Б и лимонова трева. Масната и лутата храна треба да ги избегнувате.
Можете да се обидете со чај од црна рибизла кој помага при опуштањето на мускулите. Луѓето кои работат со билки при болна менструација советуваат и чај од јасмин и камилица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.