| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ја победи Чешка и ги разочара „лалињата“

turk

Турција ја победи Чешка на гости со 2-0 и стаса на само еден бод до бараж дуелите за пласман на ЕП во Франција 2016 година. Овој исход ги разочара Холанѓаните кои сега се во незавидна ситуација и веројатно нема да играат на континенталниот шампионат селдната година. Во последното коло на „лалињата“ им треба победа над пласираната Чешка на домашен терен и пораз на Турција во Истанбул од исто така релаксираниот Исланд, селекција која ќе игра во Франција.

Работите се закомплицираа и во Б групата каде Белгија и Велс се сигурни учесници на ЕП, а џек-пот вечерва доби Босна и Херцеговина. Оваа селекција го победи Велс со 2-0 и се проби на третата позиција по поразот на Израел дома од Кипар со 1-2. Во битката за бараж, БиХ има 14 бода и меч на гости со Кипар, кој има 12 бода. Меѓу нив е Израел со 13 бода и дуел против Белгија на гости.

Надежите за директен пласман ги задржа Хрватска со победа од 3-0 против Бугарија. „Коцкестите“имаат сигурен бараж в џеб, но ќе атакуваат и на второто место што гарантира настап на ЕП. Тие имаат 17 бода, зад Италија со 21 и Норвешка со 19 и во последното коло и гостуваат на Малта. Клучен дуел е тој меѓу веќе пласираната Италија и Норвешка. На Норвежаните им игра и нерешен резултат, без оглед на исходот на дуелот Малта – Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top