Крвав инцидент се случи во Куманово.
Едно лице е повредено во тепачка што се случила вчера на улицата „Иво Лола Рибар“, кога 24-годишниот М.М. без причина го нападнал својот врсник Д.Б, информираат од МВР.
Насилникот го удирал момчето со тупаници во пределот на лицето, по што тој паднал во бесознание и со возило од Брза помош веднаш бил пренесе и задржан на Хируршкото одделение во Медицинскиот центар во Куманово.
М.М. е приведен и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.