| четврток, 6 декември 2018 |

Италија се пласира на ЕП со нов светски рекорд

Italija Anglija 08 (Custom)

Репрезентацијата на Италија со победа против Азербејџан од 3-1 обезбеди виза за нов настап на Европските првенства во фудбал и постави нов светски рекорд.

Популарните „аѕури“ по 49. пат во квалификациски мечеви за ЕП или СП останаа непоразени, што е апсолутен рекорд.

Едер, Ел Шарави и Дармијан беа стрелци на головите за победа против Азербејџан и за визирање на италијанските пасоши за пат во Франција на ЕП следната година.

Блиску до пласман на ЕП е и Норвешка по денешниот триумф над Малта од 2-0, а токму оваа репрезентација во последното коло ќе се обиде да ја сопре серијата без пораз на Италијанците.

Во игра за настап во баражите остана Холандија по победата од 2-1 над Казахстан, а Исланд и Летонија ремизираа 2-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top