Кирил Лазаров блескаше во дресот на Барселона и со 12 гола помогна да биде декласиран Монпелје со 37-27. Кралот на стрелците и првиот ракометар кој ја раситни илјадарката во Лигата на шампионите имаше неверојатен учинок без ниту една утка.
Лазаров погоди 7 пати од линијата за седум метри од сито толку обиди, а од поле биеше 5 пати и секоја пат беше прецизен. Интересно е што капитенот на македонската репрезентација не играше воопшто во второто полувреме и влегуваше само да ги изведува пеналите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.