| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Советот на обвинители, Аневски: Катица Јанева врши притисок, условува и непринципиелно се заканува

Фактот дека Катица Јанева ги надминува принципите и излегува надвор од рамките на непристрасното работење освен по изборот на кадровски решенија каде одлучи кумашинот на адвокатот на Зоран Заев да биде дел од нејзиниот тим, покажува и жестоката реакција на фелата изразена преку изјавата на Претседателот на советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Katica Janeva specialen javen obvinitel (4) (Custom)

Тој јавно посочува дека Катица Јанева се заканува и неприципиелно условува.

– Најавите дека ќе си даде оставка ако макар и еден од предложените обвинители во тимот не и избереме, како и писмото од минатата недела што го испрати специјалната обвинителка Катица Јанева до Советот на јавни обвинители, во кое, иако сме надлежен орган, таа нe учи што да правиме и како да избираме, го сметаме за директен притисок врз Советот за изгласување на предлог-одлуката за избор на јавните обвинители во Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите – изјави Аневски.

Аневски уште еднаш укажа дека предлог-одлуката за предложените кандидати за 14-темина заменици специјални обвинители ќе биде разгледана од сите членови на Советот и дека секој од нив ќе дискутира за секој од предложените кандидати.

– Без оглед на заканите и притисоците од Јанева, Советот ќе постапува по Устав и закон – и порача Аневски вчера на специјалната обвинителка.

Тој вели дека Јанева во вторникот испратила официјално писмо до Советот, мотивирана од тоа што и е побаран дополнителен општ, персонален и финансиски план за работата на Специјалното обвинителство.

– Бидејќи и го побаравме тој план што патем ни е законска обврска, таа напишала дека Советот ја нарушува имплементацијата на Законот за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, со развлекување на изборот. Нe подучува да ги видиме член 6 и член 16 од тој закон, што е навистина непристојно од нејзина страна – реагираше вчера Аневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top